Путин во разговорот „го свртел вниманието на провокативната природа на големата вежба која Соединетите Американски Држави и некои нивни сојузници ја спроведуваат во Црното Море и која ги зголемува тензиите меѓу Русија и НАТО“, се истакнува во соопштението на Кремљ.
Рускиот претседател мисли на повеќето американски воени бродови во Црното море кои учествуваат во воена вежба која Москва минатата недела кажа дека ја следи, а Путин ја нарече „сериозна провокација“.
Макрон во телефонскиот разговор со Путин ја изразил својата „силна загриженост“ и „спремност за одбрана“ на територијалниот интегритет на Украина, соопшти кабинетот на францускиот претседател.
Путин, пак, го обвини Киев дека води „деструктивна политика“, спомнувајќи ја неговата „неодамнешна употреба на беспилотни летала во зоната на конфликтот“ на истокот на Украина, соопшти Кремљ.