Подготвуваат одмазда

Путин: 7.000 луѓе од бившиот СССР се борат за ИСИС, не смееме да им дозволиме да го префрлат тероризмот дома

Околу 7.000 странски терористи во Сирија таму заминале од Русија и од неколку други поранешни советски републики за да ѝ се придружат на Исламска држава, рече рускиот претседател Владимир Путин во Казахстан.

„Процените се дека меѓу 5.000 и 7.000 џихадисти од Русија и други земји од поранешен СССР се борат за ИСИС. Никако не смееме да им дозволиме искуството што го стекнале во Сирија да го префрлат дома“, кажа Путин.

Путин се обрати пред лидерите на регионална унија составена од десетина поранешни членки на Советскиот Сојуз. Тој ги информираше дека руската воена кампања во Сирија насочена против џихадистите остварува значителен напредок и дека ИСИС се повлекува.

Путин истакна дека руската операција во Сирија има ограничена временска рамка и дека нема да трае подолго од офанзивата што ја спроведуваат сириските безбедносни сили, кои ги поддржува руската авијација.

Тој повтори дека Русија се залага за „најголема можна коалиција за борба против терористите и екстремистите и соработка со сите регионални и меѓународни партнери“, како Саудиска Арамија, Емиратите, Египет, Јордан и Израел.

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе