„Целиот свет ја мрази полицијата“

„Пуштете нè да дишеме“: Французите им се придружија на Американците (ФОТО+ВИДЕО)

Неколку илјади луѓе што го осудуваат полициското насилство се собраа вчера пред судот во Париз, јави агенцијата Франс прес. Протестот се одржа и покрај забраната за собири, воведена поради пандемијата.

Фото: ЕПА

Причина за протестот во Париз се протестите во САД против полициската бруталност, а го организираше комисијата за поддршка на Адама Траоре, 24-годишен црнец, кој почина во 2016 година, откако беше уапсен.

„Денес ова не е борба на семејството Траоре, туку борба на сите нас. Денес, кога се бориме за Џорџ Флојд (Афроамериканец убиен во Соединетите Држави), се бориме за Адама Траоре“, рече Аса Траоре, неговата сестра на собирот на кој демонстрантите извикуваа „Бунт“ и „Целиот свет ја мрази полицијата“.

Аса Траоре рече дека она што се случува во Соединетите Држави е „одек на она што се случува во Франција“. Таа потсети дека нејзиниот брат Адама почина на 19 јули 2016 година, во касарната во предградието на Париз, два часа по неговото апсење.

Аферата, која стана симбол на полициското насилство, стана „бојно поле“ за експертите. Минатата недела, со судска експертиза беше отфрлена одговорноста на жандармите, додека вчера беше објавен втор извештај, кој беше направен по барање на семејството и во кој се доведува во прашање техниката на жандармеријата за време на приведувањето.

Демонстрантите палеа и кршеа во знак на протест против расната неправда, полициската бруталност и насилната смрт на Флојд.

Во почетокот демонстрантите клечеа со кренати тупаници, додека пожарникарите се обидуваа да ги изгаснат пожари што се палеа по улиците на француската престолнина, но протестите наскоро ескалираа во масовен излив на бес и уништување.

Собирот се одржа и покрај забраната од париската полициска префектура, поради санитарните мерки против ширењето на коронавирус, но и од страв од можни немири.

Префектот на полицијата во Париз, Дидие Лалман, пред протестот изјави дека полицијата не е ниту насилна ниту расистичка.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе