ОТКАКО БЕШЕ УБИЕН РУСКИОТ АМБАСАДОР

Пукотници кај американската амбасада во Анкара

Американскиот Стејт департмент ги предупреди американските државјани да ја избегнуваат областа во околината на американската амбасада во Турција поради информации дека таму се пука.

„Имаме информации дека се пука во близина на американската амбасада во Анкара и им советуваме на нашите државјани да ја избегнуваат областа додека не добијат други информации“, соопшти Стејт департментот.

Рускиот амбасадор во Турција, Андреј Карлов, пред два часа беше застрелан во галерија во Анкара, а потоа им подлегна на повредите.

Напаѓачот, турски полицаец, кој при нападот извикувал „Алаху акбар“, беше убиен од полицијата.

Во комплексот на амбасадата, кој се наоѓа на приближно 4 километри од уметничката галерија каде што беше убиен рускиот амбасадор, е вклучена тревога, објави Дејли стар.

„Сите граѓани на САД треба да ја избегнуваат областа во близина на амбасадата до понатамошното известување“, соопшти Биро за конзуларни работи на Стејт департментот на Твитер.

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе