Неколку лица се ранети во нападот, рече градоначалникот на Ваватоса, Денис Мекбрајд.
Тој рече дека ранетите се пренесени во болница и дека засега се чини дека не претрпеле повреди опасни по живот.
Мекбрајд наведува дека напаѓачот е во бегство и дека 75 полицајци се распоредени на местото на пукањето.
Подетални информации за инцидентот ќе бидат објавени подоцна, додаде тој.
Снимките од местото на настанот покажуваат дека голем број полицајци влегуваат во трговскиот центар, како и најмалку пет лица што се изнесуваат на носилки.