Во близина на Мидленд и Одеса

Пукање во Тексас: 5 мртви и 21 повреден, полицијата го уби напаѓачот (ВИДЕО)

Напаѓачот, белец на 30-тина години, е убиен од полицијата. Дивеењето почнало откако автомобилот на осомничениот бил запрен од полицајци.

Пет лица загинаа, а 21 се повредени по пукање во близина на градовите Мидленд и Одеса во западен Тексас.

Вооружениот напаѓач, кој отворил оган откако неговиот автомобил бил запрен од полицијата во саботата попладне, е убиен од полицијата, која го бркала на паркинг во комплекс за забава.

Не се објавени детали за загинатите, но еден од повредените е 17-месечно момче што било застрелано во лицето и било однесено во болница во Одеса.

Ова е второ масовно пукање во Тексас овој месец. На 3 август вооружен напаѓач уби 22 луѓе, а рани 24 во Волмарт во Ел Пасо.

Властите соопштија дека инцидентот почнал околу 3.17 часот по локално време кога тексашки полицаец запрел хонда со златна боја зашто возачот не пуштил трепкачи за вртење лево.

Пред возилото да запре, возачот „вперил пушка низ задниот прозорец на својот автомобил и испукал неколку куршуми“ кон патролниот автомобил запирајќи го. Бил погоден еден од двајцата полицајци во патролниот автомобил, соопшти полицијата, по што напаѓачот избегал „и продолжил да пука во невини луѓе“. Најмалку тројца полицајци се повредени во нападот.

Осомничениот украл поштенско комби и продолжил да пука, соопштија властите. Полицијата го опиша вооружениот напаѓач како белец на 30-тина години.

Осомничениот бил застрелан и убиен на паркингот на комплексот Синерџи, помеѓу Одеса и Мидленд. Мидленд и Одеса се во западниот дел на Тексас, оддалечени триесетина километри.

По пукањето во Ел Пасо и уште едно следниот ден во Дејтон, Охајо, во кое загинаа девет лица, а повеќе од 20 беа повредени, се чинеше дека Трамп е склон да прифати реформа во контролата на оружјето. Тој наскоро се премисли и почна да ги повторува речениците што ги промовира Националната асоцијација за оружје.

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе

Не се соочуваме со вооружен конфликт, туку со војна на мисли. Чувството на страв, несигурност или територија по самоубиствен напад, никогаш повеќе не можеш да го вратиш.

повеќе