„Трагедија од епски размери“

Пукање во САД: Две лица убиени, повеќе ранети, напаѓачот во бегство (ВИДЕО)

Неколку лица се убиени во масовно пукање во Рочестер, град во северниот дел на државата Њујорк.

Screenshot

Властите соопштија дека неколку лица загинале во инцидентот во Рочестер.

„Имаше масовно пукање на авенијата Пенсилванија. Има смртни случаи“, соопшти полициската станица во Рочестер на Твитер, која подоцна потврди дека се убиени две лица.

Полицијата соопшти дека при пукање на забава рано утрово две лица се убиени, а 14 се повредени.

Полицаецот Марк Симонс изјави дека една жена и еден маж биле убиени, двајцата на возраст меѓу 18 и 22 години, и дека 14 ранети биле пренесени во две болници.

„Ова е навистина трагедија од епски размери“, рече Симонс во близина на местото на злосторството.

„Ова е уште една трагедија кога поединци ги прават овие нелегални, несанкционирани домашни забави што се одржуваат на овие имоти, што, под еден, не се безбедни поради ковид-19. Потоа додавате алкохол и насилство и тоа станува рецепт за катастрофа“, рече Симонс, пренесе Гардијан.

Според последните информации, напаѓачот сè уште не е уапсен, а повредените не добиле повреди опасни по животот.

Пукањето се случило околу половина час по полноќ по локално време.

Легенда под Главна слика

Screenshot

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе