Во текот на работното време

Пукање во Кремљ, се убил телохранител на Путин

Службеник посредно задолжен за безбедноста на рускиот претседател Владимир Путин, според тврдењата на одделни руски медиуми, извршил самоубиство денес во Кремљ.

EPA-EFE

Според медиумските извештаи, вработениот во 5-от оддел на Федералната служба за безбедност на Русија Михаил Захаров извршил самоубиство во текот на работното време.

Москоу тајмс, повикувајќи се на извори од социјалната мрежа Телеграм, истакнува дека каналот кој ја објави веста за самоубиството на Захаров се смета за близок до безбедносните и разузнавачките агенции.

Државната агенција ТАСС потврди дека се случило самоубиство во ѕидините на Кремљ, но не е наведено име.

Се напоменува дека сопругата, со која Захаров наскоро требало да се разведе, не е известена за самоубиството.

Причина за самоубиството би можел да биде „рамнодушниот однос на раководството на ФСБ кон работните услови на вработениот и големото количество прекувремена работа“ – во една од последните смени Захаров бил на работа повеќе од 15 часа.

Според изјавите на колегите на починатиот, во службата има недостиг од персонал, па се принудени да работат многу повеќе и без надомест.

Возраста на лицето кое извршило самоубиство не е објавена, но според фотографиите објавени на Телеграм станува збор за млад човек.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе

Турската влада има нови барања од социјалните медиуми и дигиталните платформи како што се Фејсбук (Facebook), Ватсап (Whatsapp), Инстаграм (Instagram) и Твитер (Twitter). 

повеќе

Баталете ги овие глупости со Бугарија, а Османи нека си фати патот до Брисел да земе обрасци за членство во ЕЕО и нека ги пополнат брзо.

повеќе