Пукање во геј клуб во САД, има мртви (ВИДЕО)

Најмалку пет лица се убиени, а 18 се повредени во пукање во геј клуб во Колорадо Спрингс во САД.

EPA-EFE

Вооружен напаѓач отворил оган на геј клуб во американскиот град Колорадо Спрингс, пренесуваат американските медиуми.

Оваа информација ја потврди и полицијата, додавајќи дека повеќе детали ќе бидат објавени по истрагата.

Клубот Кју, каде што се случило пукањето, се рекламира како „ноќен клуб за лица од геј и лезбиска ориентација“.

Снимката објавена на социјалните мрежи покажува голем број полициски возила пред клубот и амбулантни возила наредени долж улицата.

Некои медиуми јавуваат дека напаѓачот го почнал нападот со истрели од снајпер.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Трендот на заминување на младите од родната земја е загрижувачка појава која се случува во Македонија.

повеќе

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе