Пукање во Филаделфија: Неколку напаѓачи пукале во толпа, тројца загинати

Најмалку три лица загинале во престрелка што се случила околу полноќ по локално време во Филаделфија. Првично биле пријавени 11 повредени, но новите информации говорат дека се повредени 14 лица и дека во нападот учествувале неколку лица.

Фото: ЕПА

Како што пренесуваат американските медиуми пукањето се случило на популарна улица во Филаделфија. Полицијата соопшти дека учествувале „повеќе напаѓачи“, кои пукале во толпата.

„Можете да замислите дека имало стотици луѓе кои се забавувале во Јужната улица исто како и секој викенд кога се случи ова пукање“, рече полицискиот инспектор Д.Ф. Пејс за Њујорк Тајмс.

Тој додаде дека загинале двајца мажи и една жена и дека полицајците кои реагирале на инцидентот „забележале неколку активни напаѓачи како пукаат во толпата“.

Тој рече и дека полицајците пукале во еден од напаѓачите, иако не е јасно дали тоа лице било погодено.

Ова е второто најсмртоносно пукање во Соединетите Држави во сабота навечер.

Едно девојче загина, а осум лица се повредени во престрелка што се случила во трговски центар во градот Феникс во американската сојузна држава Аризона, соопшти полицијата.

Полицискиот функционер Енди Вилијамс изјави дека во престрелката се ранети девет лица и се пренесени во болница, а 14-годишно девојче им подлегнало на повредите, пренесе АП.

Непрофитната организација Архива за насилство со огнено оружје изброи речиси 240 масовни престрелки во САД од почетокот на оваа година. Масовно пукање во Соединетите Држави се смета за она во кое се убиени или повредени најмногу четири или повеќе луѓе.

Бројот на престрелки во Соединетите Држави нагло се зголеми за време на пандемијата, пишува Њујорк Тајмс.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Потписниците на нотарските изјави дека нема да гласаат за измените на Уставот се подложни на промени за материјално благо.

 

повеќе

Здруженост, сплотеност и поврзаност на луѓе, друштва, организации и институции кон една заедничка цел или поради заедничка причина. 

повеќе

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе