Пред гробиштата во јужниот дел на градот

Пукање во Чикаго: 14 лица тешко ранети од автомобил во движење (ВИДЕО)

Градоначалникот на Чикаго, Лори Лајтфут, рече дека очекува помош од федералните агенти, со цел да го потиснат криминалот, кој е во пораст во 2020 година.

Во пукање што се случило синоќа пред гробиштата во Чикаго ранети се 14 лица.

Брзата помош ги пренела повредените, од кои некои се со тешки повреди, во блиската болница.

Тие биле застрелани од возило во движење додека стоеле пред капела на гробиштата во озлогласениот јужен дел на градот.

Вознемирувачко видео:

Заменик-началникот на полицијата во Чикаго, Ерик Картер, изјави дека подоцна е пронајдено запалено возило и дека се трага по осомничените.

Градоначалникот на Чикаго, Лори Лајтфут, рече дека очекува помош од федералните агенти, со цел да го потиснат криминалот, кој е во пораст во 2020 година.

Лајтфут, инаку, беше еден од најголемите критичари на Доналд Трамп кога американскиот претседател испрати федерални агенти во Портланд, со цел да ги задуши насилните протести по убиството на Џорџ Флојд во Минеаполис.

Се очекува во Чикаго брзо да се најдат дополнителни сили на ФБИ, ДЕА, како и Бирото за алкохол, тутун, оружје и експлозиви.

Објавено

Среда, Јули 22, 2020 - 09:59

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе