Пукање во Америка: Пет лица се убиени и пет полицајци повредени. Напаѓачот е убиен (ФОТО+ВИДЕО)

Пет лица се убиени и пет полицајци се повредени во предградието на Чикаго откако поранешен вработен отворил оган во индустриското складиште во Аурора, објавија полициски службеници.

Напаѓачот е убиен, а полицијата објави дека бил вработен во индустрискиот комплекс во Аурора каде добил отказ, град 80 километри оддалечен од Чикаго.

Ранетите полицајци се згрижени во локалната болница и нивната состојба е стабилна.

Претседателот Доналд Трамп е информиран и ја следи ситуацијата во Аурора, изјави портпаролката на Белата куќа, Сара Сандерс.

Шефицата на полицијата Кристен Зиман ја информираше јавноста дека напаѓачот е убиен.

Напаѓачот е идентификуван како 45-годишниот Гери Мартин кој во петокот добил отказ по 15 години во компанијата. При пукањето користел пиштол Смит и Весон. Убиен е откако започнал да пука на полициските службеници. Хаосот во компанијата траел 90 минути, рече Зиман.

Еден полицаец е повреден додека се приближувал до зградата, а другите четворица се застрелани во зградата.

„Моето сочувство за сите жртви и нивните семејства кои тој ден само отишле на работа“, рече таа.

Пукањето се случило во компанијата Хенри Прат, соопшти полицијата. Џон Пробст, вработен во компанијата, бил во зградата за време на пукањето. За Еј-би-си 7 Чикаго рече дека го препознал напаѓачот. Работел со него во истата компанија. Тој рече дека го видел напаѓачот како трча по ходникот со пиштол на кој бил прицврстен зелен ласер.

Тој вели дека видел едно лице застрелано кое „многу крвари“. Тој рече дека заедно со друг колега избегале на задниот излез и слушнал уште неколку истрели кога излегол.

Голем број полициски и противпожарни возила го опколиле местото. Во зградата во моментот на пукањето имало 30 вработени. Компанијата се наоѓа во близина на неколку училишта.

Полицијата по нападот ги претресла зграда по зграда во областа, барајќи повредени и потенцијални други напаѓачи.

Родителите се советувани да се јават до училиштата кои ја откажуваат наставата и да ги пуштаат учениците во интервали од 40 минути.

Оваа појава почнува да претставува сериозна закана за учениците, но и грижа за родителите и наставниците.

повеќе

Пробацијата претставува клучна новина во реформата на нашиот пенитенцијарен и казненоправен систем и приоритетна цел на владината политика.

повеќе

Анализа на проф. д-р Гордан Калајџиев на Решението У.бр.96/2016 од Уставниот суд.

повеќе