Пукал во другарите: први снимки од апсењето на убиецот од Русија (ВИДЕО)

Девет лица, меѓу кои ученици и двајца наставници, се убиени во пукање во училиште во Казањ, главниот град на руската Република Татарстан. Двајца тинејџери пукале во своите соученици. Еден од нив е уапсен, а снимки од неговото апсење се појавија на социјалните мрежи.

Фото: Твитер

Според РИА новости, двајца тинејџери отвориле оган во близина на училиштето, а подоцна се слушнала експлозија. Според првите информации, еден од напаѓачите е ученик во училиштето. На социјалните мрежи се појавија снимки од апсењето.

Исто така, на социјалните мрежи се појавија фотографии на кои наводно е еден од напаѓачите, а кои се направени непосредно пред нападот. Станува збор за Илназ Галијавиев.

Локалните власти сè уште не потврдија дека тој е еден од напаѓачите.

Вториот напаѓач, кој одби да ѝ се предаде на полицијата, држеше заложници на четвртиот кат во училиштето. Полицијата успеа да го ликвидира, пренесува ТАСС.

Легенда под Главна слика

Фото: Твитер

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе