Пучистите имале подготвено и обвинение против Ердоган - за соработка со Курдите

Организаторите на неуспешниот воен удар во Турција планирале претседателот Реџеп Таип Ердоган и неговиот близок круг луѓе да ги обвинат за поддршка на тероризмот, поради преговорите со Курдистанската работничка партија пред да почнат воените операции против Курдите, соопштија денеска турските медиуми, повикувајќи се на документи што ги открила полицијата.

За време на претресот на канцеларијата на јавниот обвинител во Истанбул Мехмет Сел, била пронајдена и петиција за поведување судска постапка против турската влада.

Сел се наоѓа во притвор по неуспешниот државен удар.

Ако пучистите успееја во воениот удар минатиот петок, тие ќе покрена истрага врз основа на тезата дека Ердоган и неговите соработници „сториле кривично дело помагање вооружена терористичка организација“, така што „ги игнорирале терористичките подготовки на напади“, наведе агенцијата Анадолу повикувајќи се на извор од турското обвинителство.

Петицијата не е потпишана, ниту, пак, на неа има датум, туку само стои 2016 година.

Во неа се вели дека Ердоган и другите треба да бидат изведени пред лицето на правдата поради „процесот на решавање“ на курдското прашање.

Најтешко се обвинуваат Ердоган, министерот за внатрешни работи Ефкан Ала, шефот на разузнавачката служба Хакан Фидан, гувернери на провинции, како и поранешниот премиер Ахмет Давутоглу, и бившите заменик-премиери Бесир Аталај и Јалцин Акдоган за спроведување мировни преговори со раководството на ПКК од 2009 до 2015 година.

Kога веќе треба да се држи комбинирана настава, колку и да е комплицирана таа „равенка“, во неа не смее да се забораваат децата кои учат онлајн.

повеќе

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе