Во долгоочекуваниот говор

Пучдемон се повлече: Некогаш ќе бидеме независна држава, но сега е време за дијалог

Каталонскиот лидер рече дека ќе го послуша гласањето за независност, но прво ќе побара решението да се најде преку преговори со Шпанија, пренесе Би-би-си.

Во својот долгоочекуван говор во каталонскиот парламент Карлес Пучдемон предложи понатамошен дијалог со Шпанија за да се стигне до независноста.

„Сакам да ја следам волјата на народот Каталонија да стане независна држава“, рече тој, по што доби бурен аплауз од парламентот.

„Предлагаме да го суспендираме ефектот на декларацијата за независност... за да работиме кон практикување на резултатите од референдумот... Денеска ние правиме гест на одговорност во корист на дијалогот.“

Во почетокот на говорот Пучдемон го поздрави парламентот, а потоа рече дека е тука за да ги изнесе последиците од референдумот за независност.

„Не планирам никаква закана. Никакви навреди. Сите ние сме одговорни за ова. Мора да ја смириме ситуацијата, а не повеќе да ја разгоруваме. Сакам да им се обратам на сите за ова прашање.

Сите ние сме дел од истата заедница и треба да одиме напред заедно. Никогаш нема да се согласиме за сè, но многу пати докажавме дека единствениот начин да се оди напред се демократијата и мирот. За тоа е потребен дијалог“, рече каталонскиот лидер предизвикувајќи аплауз во парламентот.

Пучдемон го осуди насилството од страна на полицијата, кое се случуваше на денот на референдумот.

„Сакам сега да објаснам зошто сме тука. Мислам дека треба да се објасниме. Од смртта на диктаторот Франко, Каталонија масовно придонесува за шпанската демократија.

Каталонија сметаше дека шпанскиот устав од 1978 година може да биде добра платформа за демократија и се вклучи. Но подоцна сфативме дека шпанските власти го гледаат ова како крајна цел, а за нас тоа беше транзиција.

Во 2005 година, 85% од овој парламент, следејќи ги постапките што ги утврди уставот, одобрија нов статут за Каталонија, а тоа предизвика масовна кампања против Каталонија од страна на луѓето што по секоја цена сакаат да владеат и доминираат во Шпанија“, рече Пучдемон.

„Оваа влада покрена процес на децентрализација, постепено ни ја одземаат автономијата, закон по закон. Тука имаше и голема антипатија кон нашиот јазик и култура. Многумина дојдоа до заклучок дека единствениот начин да ги зачуваме своите вредности е да станеме држава. Резултатите од неодамнешниот референдум го потврдуваат тоа. Каталонците се тие што мораат да ја одредат својата иднина, не Мадрид. Осумнаесет пати се обидовме да организираме референдум како тој во Шкотска, осумнаесет“, рече Пучдемон, кој потоа се префрли од каталонски на шпански, па му се обрати на шпанскиот народ:

„Ние не сме криминалци, ние не сме луди. Ние сме нормални луѓе, и само сакаме право на глас. Ние сме спремни да разговараме и да имаме дијалог. Ние немаме ништо против Шпанија. Сакаме подобро да се разбираме со Шпанија. Тој однос не функционира многу години, а сега е неподнослив.

Спремен сум да тргнам по патот на независноста. 1 октомври ја смени ситуацијата, сега сме на историски крстопат, како претседател ги ставам пред вас резултатите од референдумот и го прифаќам мандатот Каталонија да биде независна држава како република“, рече каталонскиот лидер.

Природната и суровата храна се заменува со фабрички подготвени оброци и со обработена храна.

повеќе

Гувернерот, кој и да е, не е ничиј должник. Ниту на предлагачот, ниту на тие што ќе го изгласаат.

повеќе

Родовото прашање е клучен двигател за резултатите на здравството.

повеќе