Стотици илјади демонстранти на улиците

Пучдемон: Ова е најлошиот напад врз каталонскиот народ по воената диктатура на Франко (ФОТО+ВИДЕО)

Претседателот на Каталониија Карлес Пучдемон изјави дека народот на покраината нема да ги прифати „нелегалните мерки“ на шпанската влада и побара од регионалниот парламент да дејствува против нив.

 

Тој во синоќешното телевизиско обраќање кажа дека одлуката на премиерот на Шпанија Маријано Рахој е „најлошиот напад врз институциите и народот на Каталонија од воената диктатура на Франциско Франко“.

„Барам од парламентот да одржи пленарна седница на која ние, претставниците на суверенитот на граѓаните, ќе може да одлучуваме околу овој обид да се ликвидира нашата влада и нашата демократија и да дејствуваме во согласност со тоа“, кажа Пучдемон во телевизиското обраќање.

На улиците на Барселона вчера се собраа стотици илјади демонстранти за да ја искажат масовната поддршка на независноста на шпанскиот регион, откако претходно Рахој од Сенатот побара овластувања за распуштање на каталонската влада.

Иако протестот беше првично организиран за од Мадрид да се побара ослободување на двајцата каталонски активисти кои во понеделникот беа уапсени поради поттикнување бунт, демонстрациите се претворија во колективно неприфаќање на одлуката на шпанската влада да ги преземе овластувањата на Каталонија, пренесува Асошиејтед прес.

Рахој побара дозвола за активирање на членот 155 од уставот на Шпанија и кажа дека тоа не значи укинување на автономијата на Каталонија, туку само сменување на каталонските сепаратистички лидери, и побара итно распишување вонредни регионални избори во Каталонија.

Активистите Жорди Санчес и Жорди Куишар, лидери на организацијата Каталонско национално собрание и Омниум културал, беа уапсени во понеделникот за поттикнување бунт, а под истрага се поради улогата во демонстрациите на 20 и 21 септември во Барселона. Протестите избија откако шпанската полиција упадна во бројни каталонски институции и уапси 12 претставници на каталонската влада, обидувајќи се да ги спречи подготовките за референдумот за сецесија на Каталонија, одржан на 1 октомври.

Потпретседателот на организацијата Каталонско народно собрание Агусти Алкоберо потегот на шпанската влада го нарече „репресивна ескалација“ чија цел е „укинување на Каталонија како политичка нација“.

Претседателката на каталонскиот парламент Карме Форкадељ изјави синоќа дека мерките што ги донесе шпанската влада за распуштање на каталонската влада и распишување вонредни избори претставуваат „државен удар“ и „напад врз демократијата“. Таа во телевизиското обраќање кажа дека е посветена на одбраната на суверенитетот на каталонскиот парламент, пренесува Ројтерс.

Уништувањето на шумите е една од најголемите еколошки катастрофи со кои се соочуваме, после загадениот воздух.

повеќе

Измените во законот за минимална плата е трул компромис меѓу социјал-демократите и бизнис-лобито во Владата.

повеќе

Македонската јавност е во исчекување од најавата на министерот Оливер Спасовски дека МВР ќе ги истражува сите агенции за обезбедување поради поврзаност со рекетарство.

повеќе