Пучдемон: Независноста на Каталонија не е единственото решение, постојат и други

Сменетиот каталонски претседател Карлес Пучдемон оцени дека е можно и некое друго решение освен независноста на неговиот регион и додаде дека тој е секогаш за договор со Шпанија, во интервју објавено во белгискиот весник Ле соар.

„На располагање сум и секогаш сум спремен да прифатам некој друг однос со Шпанија“, кажа тој за весникот и прецизираше дека освен независноста е спремен да разгледа некое друго решение.

„Тоа е секогаш можно. Јас кој секогаш сум бил сепаратист, работев триесет години на постигнување некоја друга позиција на Каталонија во Шпанија“, истакна Пучдемон.

„Јас сум секогаш за договор“, инсистира каталонскиот лидер и ја обвини Народната партија на шефот на шпанската влада Маријано Рахој дека е одговорна за порастот на сепаратизмот.

Сепаратизмот во Каталонија беше поттикнат со поништувањето на статусот на автономија од 2010, кој ѝ даваше големи овластувања на Каталонија, а тоа делумно поништување го нареди уставниот суд, на барање на Народната партија.

„Алтернативното решение за независност ќе се постигне преку изборите на 21 декември“, изјави шпанскиот министер за надворешни работи Алфонсо Дастис, кој исто така во Брисел го повика Пучдемон да се кандидира за да види колкава поддршка има.

Партијата ЕРЦ, автономната републиканска левица, сојузник на партијата на Карлес Пучдемон во сменетата каталонска влада, призна денес дека таа влада не била спремна да ја одбрани независноста по недозволениот референдум на 1 октомври.

„Каталонската влада не беше подготвена да ѝ се спротивстави на авторитарната држава спремна без ограничувања да користи репресија“, изјави портпаролот на партијата Серхи Сабрија во Барселона.

Определуваќи се за европските вредности на демократијата се наоѓаме пред историска шанса која не треба и не смее да се пропушти не само во односите со Бугарија.

повеќе

Македонија сѐ повеќе заглавува во сиромаштија чија стапка изнесува скоро 22 отсто од вкупното население, речиси една третина од децата живеат во сиромаштија.

повеќе

Дали поновите, посјајните и посложените нешта автоматски значи дека се подобри? Всушност, најчесто вистината е спротивна на тоа.

повеќе