Судот ја поништи одлуката на изборната комисија

Пучдемон може да учествува на изборите за Европскиот парламент

Судот во Мадрид му дозволи на поранешниот каталонски претседател Карлес Пучдемон, кој е во егзил во Белгија, да учествува на изборите за Европскиот парламент на шпанската листа иако против него се води судска постапка во земјата.

Врховниот суд оцени дека не постојат никакви основи по кои каталонските лидери би можеле да бидат дисквалификувани и на надлежниот суд во Мадрид му нареди „веднаш“ да го реши случајот.

Според Врховниот суд, правото за кандидирање на изборите е „фундаментално право“ признато со Уставот на сите шпански државјани и не може да биде одземено, освен ако кандидатот не е квалификуван за тоа.

„Зад секоја постигната победа стои добра судска работа. Нашиот тим знае со што се соочува, како да се бори и како да победи“, напиша Пучдемон набргу по пресудата.

Судот одлучи дека Карлес Пучдемон како и двајца други членови на неговата влада, кои исто како него избегаа од земјата за да избегнат апсење поради учеството во неуспешниот обид за отцепување на Каталонија во 2017 година, може да учествуваат на изборите на 26 мај, изјави портпаролот на судот.

Против нив тројцата на сила е налог за апсење во Шпанија.

Партијата на Пучдемон „Заедно за Каталонија“ ја обжали одлуката на шпанските власти за забрана за кандидирање на Карлес Пучдемон и двајцата каталонски сепаратисти Тони Комин и Клара Понсати на изборите за ЕП на 26 мај.

Пучдемон и Комин живеат во Белгија, а Понсати е во Велика Британија.

Ајде од понеделник да се посветиме сериозно на „носење на Европа" во нашата држава.

повеќе

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе