Птичји грип откриен на фарма со патки во Бугарија

Бугарските власти соопштија дека епидемија на птичјиот грип Х5Н8 се појавила во градот Раковски во јужна Бугарија.

Во соопштението се вели дека целата живина на фармата ќе биде уништена.

Според соопштението, ова е прв случај на овој високопатоген вирус во оваа земја во последниве десет месеци.

Околу фармата е создадена заштитна зона широка три километри, а транспортот на домашните, дивите и другите видови живина е забранет во тој радиус, вклучувајќи и јајца и преработено месо.

Овозможувањето континуитет на стопанството треба да биде на прво место во агендата на Владата, бидејќи закрепнувањето на економијата ќе дојде токму од приватниот сектор.

повеќе

Светот првично се соочи со кризата предизвикана од коронавирусот на некоординиран начин, при што огромен број држави едноставно ги игнорираа предупредувањата и настапуваа самостојно.

повеќе

Пандемијата на коронавирусот која го зафати целиот свет, не само што има огромно влијание врз јавното здравство, општеството и економијата како целина, туку предизвика пустош и во спортот.

повеќе