Апсолутен преседан

Првпат во историјата уредничкиот одбор на Ју-ес-еј тудеј поддржа претседателски кандидат – Бајден

Уредничкиот одбор на Ју-ес-еј тудеј го поддржа Џо Бајден за американски претседател.

Printscreen

Ова е апсолутен преседан, бидејќи за разлика од повеќето американски медиуми, Ју-ес-еј тудеј никогаш не поддржал ниту еден кандидат, а во 2016 повикаа да се гласа против Доналд Трамп, но не ја поддржаа директно Хилари Клинтон.

Во текстот во кој му е изразена поддршка на Бајден се наведува дека се надеваат дека ова ќе биде последниот пат да поддржат некој кандидат, но дека сега не станува збор за нормални избори и нормални времиња.

Уредничкиот одбор објаснува дека е загрозена иднината на американската демократија, бидејќи Трамп одби да гарантира дека ќе признае пораз, а дека Бајден на разнишаната нација ѝ нуди „пристаниште на смиреност и стручност“.

„Им поставуваме на гласачите само едно прашање, а тоа е дали Америка е подобра сега или пред четири години“, пишува Ју-ес-еј-тудеј.

Легенда под Главна слика

Printscreen

Јас, Ангела Илиевска , учесник во повеќе протестни движења низ годините наназад, со себе го носам товарот на мојата личност и идеалите кои ги застапувам низ сите тие движења.

повеќе

Германија не го негира своетo фашистичко минато, ниту дека ја окупирала Франција, па следствено, не се ни менувани ни учебниците во обете земји, ниту се бришани делови од споменични натписи.

повеќе

Некогаш, долго после нашава посета на овој свет ќе се појави некој кој ќе го интересира нашиот престој тука.

повеќе