Во Сирија

Првпат се судрија сириската и турската војска, загинаа шест Сиријци

Најмалку шест сириски војници загинаа откако минатата недела избија жестоки судири меѓу војската и турските сили, првпат откако Анкара ја нападна североисточна Сирија пред три недели.

Се пукало од артилериско и автоматско оружје во близина на Асадија, јужно од пограничниот град Рас ал-Аин, соопшти опозициската Сириска опсерваторија за човекови права.

„Жестоки судири избија првпат меѓу сириската и турската армија“, јави Опсерваторијата.

„Турскиот артилериски оган уби пет режимски војници во битки на работ на селото Асадија“, рече Рами Абдел Рахман, шеф на опсерваторијата, за АФП.

Тој додаде дека протурските борци што Реџеп Таип Ердоган ги користи како главна копнена сила за инвазијата погубиле еден владин војник што го заробиле.

Турската војска и нејзините сириски сојузници ги нападнаа курдските сили во североисточна Сирија на 9 октомври со цел создавање на длабока тампон зона од околу 30 километри.

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе