Првпат претставник на Србите присуствува на одбележувањето на „Олуја“: Милошевиќ пристигна во Книн

На одбележувањето на акцијата „Олуја“ во Книн првпат присуствува и претставник на Србите, потпретседателот на хрватската влада од Независната демократска партија на Србија (СДСС) Борис Милошевиќ, пренесе Б92.

Тој стои во редот близу до хрватскиот премиер Пленковиќ.

Милошевиќ, патем, до неодамна беше претседател на Српскиот национален совет (СНВ), според чии податоци за време на оваа завршна акција на етничко чистење од Хрватска беа протерани 200.000 Срби, а скоро 2.000 беа убиени.

Комеморацијата во Книн оваа година ќе биде со намален обем и со невообичаено засилени безбедносни мерки.

Централниот градски плоштад е блокиран од две страни, а гостите пред да влезат во оградената област ќе добијат маици, кои беа специјално дизајнирани за оваа пригода од Министерството за одбрана.

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да покаже демократски капацитети и зрелост очекувана од граѓаните

повеќе

Historia magistra vitae est (Историјата е учителка на животот). Оваа латинска изрека ќе ги објаснува односите меѓу народите и нациите додека постои светот.

повеќе

Добро е, во прво време, г. премиер, да го поттикнете Вашиот министер за култура да најде погодна форма да се преобјави книгата „По повод најновиот напад на нашиот јазик“ од Конески, пишува професорот Атанас Вангелов во отворено писмо до премиерот Зоран Заев.

повеќе