Коронавирус

Првпат по избувнувањето, Кина пријави НУЛА нови локални случаи на ковид-19

Континентална Кина последниве 24 часа нема нови локални инфекции со коронавирус - прв пат од почетокот на епидемијата во декември. Пекинг сè уште се мачи да ги контролира „увезените“ заразени.

Имено, епицентарот на епидемијата - Вухан, во провинцијата Хубеи - не регистрира нови локално пренесени инфекции. Истото важи и за низ цела Кина, според податоците на кинеската влада.

Здравствените власти во четвртокот објавија 34 нови случаи, но соопштија дека сите тие се лица што дошле во Кина од странство. Дваесет и еден од увезените заразени беа во Пекинг, што претставува дневен рекорд за кинескиот главен град.

Вкупно, потврдените случаи во континентална Кина достигнаа 80.928, според најновите податоци, со 3.245 смртни случаи во средата вечер.

Бројот на смртните случаи во Европа од вирусот во средата ги надмина оние во Азија, предизвикувајќи загриженост дека ковид-19 може да доведе до долготрајна здравствена криза за Западот.

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе

Државниот врв на Србија, вклучително и група лекари кои ја предводат борбата против ширењето на вирусот корона, во најмала рака го игнорираа влошувањето сè додека не заврши гласањето.

повеќе

Како Босна и Херцеговина се справи и се уште се справува со кризата предизвикана од пандемијата? Зошто немавме единствен кризен штаб на ниво на држава? 

повеќе