Првпат од 2007, француските комунисти номинираа кандидат за претседателските избори

Француската Комунистичка партија го номинираше својот кандидат за претседателските избори во 2022 година за прв пат од 2007 година.

Фото: ЕПА
Фабиен Расел беше назначен на конвенција на комунистите.
 
Расел, кој доби повеќе од 73 проценти од гласовите, ги повика левицата и движењето на еколозите да го почитуваат изборот на комунистите.
 
На претседателските избори во 2012 и 2017 година Комунистичката партија немаше свој кандидат, туку беше одлучено да се поддржи лидерот на радикалната левица, Жан-Лик Меланшон, кој доби 19,58 проценти од гласовите во првиот круг од изборите во 2017 година.
 
Според анкетите, во првиот круг на претседателските избори во 2022 година, најмногу гласови би добиле лидерката на екстремната десница, Марин Ле Пен (од 25 до 27 проценти од гласовите), и сегашниот претседател, центристот Емануел Макрон (од 23 до 28 проценти).
 
Меланшон би освоил од 10 до 13,5 проценти од гласовите.
 
Во Франција веќе се споменуваат имињата на можните кандидати, а меѓу нив е и популарниот поранешен премиер, десничарот Едуар Филип, кој сè уште не кажа дали ќе ја претстави својата кандидатура.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Кусокот во глобалното производство на вакцини против КОВИД-19 може да се надомести доколку на производителите ширум светот им се даде пристап до потребната технологија и знаење. 

повеќе

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе