Прво пожари па поплави и град. Сега на Австралија ѝ се закануваат смртоносни пајаци (ВИДЕО)

Австралија веќе се соочи со екстремни пожари и град годинава. Сега, експертите ги предупредуваат луѓето да внимаваат на смртоносни пајаци, бидејќи се создадени „совршени услови“ за да живеат, пренесе Си-ен-ен.

Влажните шумски предели во источна Австралија стануваат природно опкружување за неколку видови пајаци познати по својот високо токсичен отров со брзо дејство. Меѓу нив е и сиднејскиот левак-пајак (Atrax robustus). Во средата, од австралискиот Парк на рептили, кој се наоѓа во Сомерсби, Нов Јужен Велс, е речено дека активноста на пајаците во последните денови е зголемена.

„Поради неодамнешните дождови и врелите денови како што се сега, очекуваме овие пајаци да започнат да се движат насекаде“, вели портпаролот на паркот Даниел Рамзи.

„Сиднејскот левак се потенцијално едни од најопасните на светот кога станува збор за делувањето на нивниот отров и затоа мораме да ги третираме многу сериозно“, додава Рамзи.

Австралија е опустошена од најтешките пожари забележани во децении, најмалку 28 луѓе загинаа, а во Нов Јужен Велс над 3.000 домови се оштетени.

Неколку бури донесоа освежување во одредени области минатата недела, но поројните поплави создадоа нови ризици. Делови од југоисточна Австралија беа погодени од силен град со големина на топче за голф, доволно силни да искршат прозорци на автомобили и да повредат птици, по помалку од 24 часа откако регионот беше погоден од силни песочни бури.

Ворен Бејли, сопственик на компанија за контрола на штетници во Сиднеј, рече дека овие пајаци се активни обично во текот на летото, но нивната сезона започнала подоцна оваа година, бидејќи изминатите неколку месеци беше многу сушен период.

„Нивниот отров е доста токсичен и може да убие некого. Овој вид пајак сега излезе заради дождовите и можат да влезат во домовите на луѓето низ земјата или низ покривите“, вели Бејли.

Минхенската безбедносна конференција, која со децении служеше како силен симбол на силата на западното сојузништво, оваа година покажа дека јазот меѓу сојузниците е поголем од кога и да е.

повеќе

Време е да се почне да се размислува што може да значи тоа.

повеќе

Која е логиката на Заев и СДСМ со вчерашниот протест што од сега се гледа дека ќе им биде и наративот за целата кампања?!

повеќе