Првите снимки од местото на нападот во Саудиска Арабија (ФОТО+ВИДЕО)

Саудиска Арабија ги однесе новинарите на местото каде што со ракети и беспилотни летала беа нападнати нафтени објекти во срцето на нафтената индустрија на кралството.

 

Новинарите пристигнале во Букајк во источната провинција на Саудиска Арабија, каде што се наоѓа рафинеријата за нафта Абкаик.

Соединетите Американски Држави тврдат дека Иран ги нападнал саудиските нафтени објекти, а Саудиска Арабија и официјално соопшти дека „Иран несомнено го спонзорирал“ нападот.

Иран негира дека на кој било начин е инволвиран во нападот, за кој одговорноста ја презедоа хутите во Јемен.

Сепак, аналитичарите истакнуваат дека користените ракети немале доволен дострел за да дојдат од Јемен.

Кога ќе заврши пандемијата, очекувајте државите да се вратат со поголема власт и поголем легитимитет.

повеќе

Откако не успеа во приказот на Мицкоски како екстензија на Груевски и на опозицијата како „анти-западна“, со изјавите неделава Заев покажува дека негов рецепт за изборна победа е само што помала излезност без учество на опозицијата.

повеќе