Првиот твит на шефот на Твитер е продаден за 2,9 милиони долари

Џек Дорси, шефот и коосновач на Твитер, денес го продаде својот прв твит во форма на незаменлив токен (НФТ) за нешто повеќе од 2,9 милиони долари.

EPA-EFE

Твитот е во форма на НФТ, новите дигитални токени слични на криптовалути, кои претставуваат единствен дигитален имот чија популарност експлодираше во 2021 година.

Секој НФТ, заснован на технологијата блокчејн, има сопствен дигитален потпис кој служи како јавна книга, со што корисниците можат да ја проверат автентичноста и сопственоста на имотот.

„Тукушто го поставувам својот твитр“, гласеше првиот твит на Дорси, објавен на 21 март 2006 година.

Како НФТ е продаден на аукција на платформата Велјублс, во сопственост на американската компанија Сент.

Купен е со користење на криптовалутата Етер која во моментот на продажбата вредела 2,9 милиони долари, потврди Камерон Хежази, извршниот директор и коосновач на Сент.

Компанијата Сент соопшти дека твитот го купил Сина Естави, извршниот директор на блокчејн фирмата Бриџ оракл, со седиште во Малезија.

Дорси, вљубеник во виртуелната криптовалута биткоин, на 6 март на Твитер објави линк за продажбата на НФТ, по што три дена подоцна објави дека приходот од аукцијата ќе го претвори во биткоин и ќе им го донира на луѓето во Африка заболени од коронавирусот.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Време е да се фокусираме врз суштинските проблеми. Време е да создадеме вистински ’општествен договор‘ за владеење на правото и на човековите права како главни столбови на европските вредности

повеќе

Стратешко партнерство на македонската влада со Зока енерџи солушнс, компанија регистрирана за обработка и отстранување на опасен отпад, не е правилен начин за решавање на проблемот во мала држава како Македонија.

повеќе

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе