Првиот случај на силување во војна стигна пред украински суд

Осомничениот е рускиот војник Михаил Романов, кој е обвинет дека во март провалил во куќа во село во Броварската област, го убил мажот, а потоа неколку пати ја силувал сопругата и ѝ се заканувал на неа и на нејзиното малолетно дете со насилство и оружје. Не се знае каде е Романов, па ќе му се суди во отсуство.

Фото: Фејсбук

Обвинителството на регионот Киев го почна првото судење за кривично дело сексуално насилство за време на војна. Обвинението е против рускиот државјанин Михаил Романов од 239-от полк на 90-та гардиска тенковска дивизија Витебск-Новгород за кршење на законите или обичаите на војната, објави украинската главна обвинителка Ирина Венедиктова.

Истрагата откри дека Романов во март, напиен, провалил во приватна оддалечена куќа во окупираната област Бровари и го застрелал сопственикот. Потоа, тој и неколку руски војници повеќепати ја силувале сопругата на жртвата. 

Според Венедиктова, насилниците ѝ се заканувале на жената со оружје и со насилство врз нејзиниот мал син, кој бил присутен на местото на настанот.

Легенда под Главна слика

Фото: Фејсбук

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе