Првиот познат случај на ковид-19 е продавачка на морска храна на пазарот во Вухан, вели нова студија

Повеќето од првите случаи на вирусот се поврзани со пазарот Хуанан.

Фото: ЕПА

Иако потеклото на вирусот САРС-КоВ-2 што предизвикува ковид-19 сè уште останува мистерија, студиите докажаа дека повеќето од првите симптоматски случаи биле поврзани со пазарот Хуанан во Вухан, Кина.

Рецензентска студија за првите случаи на ковид во Кина покажа дека продавачка на морска храна од пазарот на живи животни Хуанан, чии симптоми почнале на 11 декември, е најраниот познат случај на ковид-19.

Научникот Мајкл Вороби, кој ја водел студијата, дава преглед на клучните настани што се случиле помеѓу декември 2019 и јануари 2020 година во Вухан, создавајќи временска рамка со детали за најраните случаи на ковид-19, нивните врски со пазарот Хуанан каде што се продаваа живи животни и настаните што довеле до формална идентификација на САРС-КоВ-2 како нов вирус.

Според Вороби, повеќето од првите случаи на вирусот биле поврзани со пазарот Хуанан, што сугерира дека веројатниот извор на ковид-19 е зоонозно прелевање на пазарот на живи животни, односно премин на вирусот од животно на човек.

За 41-годишен сметководител, кој живеел на 30 километри од пазарот Хуанан во Вухан, претходно се сметаше дека е првиот човек заразен со ковид-19. Подоцна беше објавено дека тој се заразил со вирусот осум дена подоцна од првично објавеното. Тој покажал симптоми поврзани со ковид-19 на 16 декември, една недела откако повеќе работници на пазарот Хуанан веќе покажуваа знаци на инфекција.

Тој веројатно бил заразен преку пренос во заедницата откако вирусот почнал да се шири во Вухан, рече Вороби, шеф на екологија и еволутивна биологија на Универзитетот во Аризона во Тусон и автор на студијата објавена во списанието Саенс. Збунетоста била предизвикана од компликации при стоматолошки зафат поради кој на човекот се разболел на 8 декември, пренесува Ројтерс.

„Неговите симптоми се појавија по повеќе случаи кај работници на пазарот Хуанан, така што една жена продавач на морска храна таму стана најраниот познат случај, со почеток на болеста на 11 декември“, се вели во студијата.

Истражувањето на Вороби сугерира дека пазарот Хуанан бил изворот на првичната епидемија, а не местото каде што вирусот САРС-КоВ-2 се размножил во услови на суперпренос.

Тим предводен од СЗО, откако во март оваа година помина четири недели во и околу централниот град Вухан со кинески научници, ја отфрли можноста вирусот САРС-КоВ-2 да е вештачки направен во лабораторија. Најверојатната хипотеза во студијата беше дека тој природно ги заразил луѓето, веројатно преку трговијата со диви животни.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе