Првиот потег на новата градоначалничка на Сараево: го продава службениот „пасат“

Бенјамина Кариќ, новата градоначалничка на Сараево, вчера ја презеде функцијата, а нејзиниот прв потег предизвика низа пофалби на социјалните мрежи.

Screenshot: Youtube

„Денес дадов налог да се продаде црната лимузина ‘фолксваген пасат‘ која е платена од буџетот. Ќе користам други возила кои ќе бидат на располагање и какви што гледаме на улиците на Сараево“, наведе Кариќ.

Градоначалничката кажа и дека на службеното возило нема да бидат поставени ротациски светла, бидејќи градоначалникот нема право на тоа. Инаку, босанското Министерство за внатрешни работи претходно ги предупредувало локалните власти на Сараево дека немаат право на ротациски светла на службените возила.

Многумина на социјалните мрежи ја пофалија нејзината одлука.

„Не можевте да донесете подобра прва одлука. Одличен почеток на вашиот мандат. Продолжете во оваа насока“, гласи еден од коментарите.

Кариќ, од Социјалдемократската партија, ја презема должноста од Абдулах Скака.

Легенда под Главна слика

Screenshot: Youtube

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе