Сирија

Првиот патнички авион слета во Алепо по осум години (ВИДЕО)

Сириски патнички авион од Дамаск слета во Алепо, што е првиот комерцијален лет меѓу двата најголеми сириски града од 2012 година.

Како што пренесува Асошиејтед прес, летот на кој вчера биле сириски функционери и новинари, претставува значаен симбол дека владата на претседателот Башар ал Асад, со поддршка од руската војска, ја консолидирала контролата врз северозападната провинција Алепо и ги зазела последните делови од стратегискиот автопат кој ги поврзува Алепо и Дамаск.

Отворањето на автопатот, на кој се вршат поправки, ќе биде отворен, како што е најавено, за неколку дена, првпат по осум години.

Владините сили во изминатите недели спроведоа голема офанзива за да ја вратат целосната контрола врз провинцијата Алепо и делови од соседната провинција Идлиб, последното упориште на антивладините бунтовници во земјата.

Жестоките борби на повеќе фронтови го предизвикаа најголемиот бегалски бран во деветгодишната граѓанска војна, а кон границата со Турција тргнаа речиси милион луѓе.

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе