Како што пренесува Асошиејтед прес, летот на кој вчера биле сириски функционери и новинари, претставува значаен симбол дека владата на претседателот Башар ал Асад, со поддршка од руската војска, ја консолидирала контролата врз северозападната провинција Алепо и ги зазела последните делови од стратегискиот автопат кој ги поврзува Алепо и Дамаск.
Отворањето на автопатот, на кој се вршат поправки, ќе биде отворен, како што е најавено, за неколку дена, првпат по осум години.
Владините сили во изминатите недели спроведоа голема офанзива за да ја вратат целосната контрола врз провинцијата Алепо и делови од соседната провинција Идлиб, последното упориште на антивладините бунтовници во земјата.
Жестоките борби на повеќе фронтови го предизвикаа најголемиот бегалски бран во деветгодишната граѓанска војна, а кон границата со Турција тргнаа речиси милион луѓе.