Првиот интерсексуален Австриец доби документи со трет пол

Првиот Австриец во историјата кој доби официјални документи со означен трет пол, покрај машкиот и женскиот, го пофали чинот како признавање за сите оние кои не се идентификуваат како мажи и жени.

„Првпат во животот чувствувам дека законот ме признава“, кажа Алекс Јурген кој е интерсексуалец, лице родено со атипични хромозоми или полови карактеристики. „Досега во општеството немаше место за луѓето кои не се ни машко ни женско“.

По тригодишна правна битка Јурген сега има пасош со ознака на полот „Х“, наместо „М“ (male, машко) или „F“ (female, женско) и извод од книгата на родени на кој пишува „останато“.

Уставниот суд во 2018 одреди државните закони да дозволуваат додавање на повеќе од два пола во личните документи.

Сѐ повеќе американски сојузни држави и земји како Германија, Пакистан и Непал им дозволуваат на граѓаните да одберат трет пол на официјалните документи.

Прописите кои во 2018 ги донесе австриското министерство за внатрешни работи наложуваат детето чиј пол не може да се одредина изводот од книгата на родени да има означено опција „отворено“ сѐ додека одлуката за тоа не го донесе тоа само или неговите законски старатели.

Интерсексуалните лица можат да се изјаснат како „останато“ на својот извод од родените ако пред тоа добиле потврда од медицински експерти, што активистите сакаат да го укинат.

„Ќе беше тоа голема траума ако морав повторно да одам на лекар и голем број интерсексуални лица го имаат тоа искуство“, вели Јурген.

Интерсексуалните бебиња често се подложувани на операции за изгледот и функцијата на гениталиите да им се ускладат со машки или женски пол, што според експертите може да доведе до психолошки нарушувања подоцна во животот.

Меидцински непотребни операции на интерсексуални деца без нивна согласност се забранети на Малта и во Португалија.

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе

Без оглед на политичката заднина на случајот за изнудување, владата во Скопје мора да се фокусира на темелна истрага наместо на ограничување на штетата.

повеќе