Првиот човек на ОН: Светот се соочува со генерациска катастрофа

Пандемијата на коронавирусот предизвика најголем прекин во образованието во историјата, изјави во вторникот генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш, предупредувајќи дека тоа значи дека светот се соочува со „генерациска катастрофа".

EPA-EFE/ESTELA SILVA

„Во средината на јуни, училиштата беа затворени во повеќе од 160 земји, што влијаеше на над милијарда ученици“, рече Гутереш во видео-порака.

Затворањето на училиштата погоди 94% од светската ученичка популација, па дури и до 99% во посиромашните земји, според податоците со кои располага ООН.

„Ни се заканува генерациска катастрофа што може да го потроши човечкиот потенцијал, да го поткопа повеќедеценискиот напредок и да ги влоши вкоренетите нееднаквости“, додаде Гутереш. „Новите ефекти врз исхраната на децата, бракот и родовата еднаквост на децата се длабоко загрижувачки“.

Истакнувајќи дека тоа бил „одредувачки момент“ за децата и младите, генералниот секретар на ООН ги повика лидерите да создадат услови учениците да се вратат на училиште што е можно побезбедно, да се заштитат и да се зголемат буџетите за образование и образовните иницијативи да стигнат и до малцинските групи, раселените лица и лицата со посебни потреби.

Гутереш исто така рече дека постои „генерациска можност да се преиспита образованието“ со поголема инвестиција во дигитална писменост и употреба на флексибилни методи за испорака и модернизирани наставни програми.

„Додека светот се соочува со неодржливи нивоа на нееднаквост, ни треба образование што е голем изедначувач повеќе од кога било“, додаде Гутереш.

„Сега мора да преземеме храбри чекори да се создадат инклузивни, еластични, квалитетни образовни системи кои би можеле да ги исполнат барањата на иднината“, истакна генералниот секретар на ООН.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/ESTELA SILVA

Каракачанов: На Бугаринот паметот му доаѓа следниот ден...

повеќе

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе