Први жртви во САД: Ураганот Мајкл досега однесе 15 животи, повторно ќе засили (ФОТО+ВИДЕО)

Ураганот Мајкл ги однесе првите жртви на Флорида, а над 400 илјади приватни домови и бизнис простории во сојузните држави Флорида, Џорџија и Алабама останаа без струја откако невремето вчера го погоди северозападниот дел од Флорида познат како Пенхендл.

Првата жртва на Мајкл на Флорида бил маж врз кого паднало стебло кое го пробило покривот на неговата куќа, потврди порпаролката на шерифот на округот Гадзден на сојузната американска држава, а пренесува Ројтерс. Втората жртва, јавува Си-ен-ен, е момче од сојузната држава Џорџија, врз кое исто така паднало дрво како последица на силните ветришта.

Ураганот Мајкл досега на својот пат уби вкупно 15 луѓе – двајца на Флорида, шест во Хондурас, четворица во Никарагва и тројца во Ел Салвадор.

Компанијата Дјук енерџи корп соопшти дека Мајкл би можел да предизвика прекин во снабдувањето со електрична енергија за 100 до 200 илјади нивни клиенти на Флорида, проценувајќи дека обновувањето на инфраструктурата би можело да потрае подолго од една недела.

Мајкл е најжестоката бура која ја погодила Флорида во повеќе од 80 години, а преминувајќи во централна Џорџија ослаби на тропска бура, соопшти денес американскиот Национален центар за урагани (НХЦ).

Во моментов лоцира јужно-југозападно од Макон во Џорџија, со ветришта со максимална брзина од 115 км/ч, Мајкл до утре би требало да стане посттропски циклон.

Жителите кои одбиле да се евакуираат сведочеле на разорната моќ на ураганот. „Ова е пекол“, изјавија тие за Би-би-си.

„Мајкл во следните часови постепено ќе слабее, а потоа се очекува негово повторно засилување денес вечер и утре, кога ќе продолжи да се движи по источниот брег на САД“, тврдат метеоролозите.

Во делови од Флорида, Алабама, Џорџија и Северна Каролина и понатаму е на сила вонредна состојба.

Што е потребно младите велешки занаетчии да не станат самоубиствени гемиџии, туку да ги тераат своите замисли напред.

повеќе

Брзата храна и газираните пијалоци се водечки причинители на прекумерна телесна тежина, која пак значително го намалува нашиот животен век и квалитет на живот.

повеќе

Процесот на проверка не треба да почне од правосудниот систем, туку од извршните претставници и членовите на парламентот, и тоа не само оние кои се на власт денес, туку и оние кои со години ја водеа земјата.

повеќе