Први турски загуби во Сирија: разнесени тенкови (ВИДЕО)

Курдските Единици за народна одбрана објавија видео на кое се гледа моментот на ракетен напад врз турски тенк „леопард“.

Според агенцијата АНФ њуз, борбеното возило било гранатирано од областа на селото Курдо, кое се наоѓа во близина на сирискиот град Африн.

Курдите за 24 часа во борбите уништиле пет турски тенка во регионот Африн. Уште два тенка биле онеспособени во селото Дикметаш и уште два во предградието на градот Тел Рифат, се вели во соопштението.

Токму во тоа место во моментов се во тек најжестоките битки меѓу ЈПГ и турската војска.

Командата на ЈПГ тврди дека во борбите на северозападот на Сирија се убиени четворица турски војници, како и 10 антитурски борци. Покрај тоа, во судирите во Билбил се вели дека загинале четворица турски војници, додека многумина биле повредени.

Откако вчера Турција ја почна операцијата „Маслинова гранка“ со воздушни и артилериски напади на курдските Единици за заштита на народот во енклавата Африн во северна Сирија, денес почна и копнена офанзива.

Сирискиот претседател Башар ал-Асад денеска ја осуди турската воена операција во Африн, курдската енклава во северниот дел на Сирија, и ја обвини Анкара за поддршка на екстремистички групи.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, пак, ги предупреди Курдите во Турција да не излегуваат на улица да протестираат против турските воени операции во Африн.

Во говорот пред партијата во градот Бурса Ердоган рече дека сите што ќе одговорат на повикот на курдските партии да протестираат „ќе платат висока цена“.

„Ова е национална борба. Ќе го срушиме секој што ѝ се противи на националната борба“, рече турскиот претседател.

Тој рече дека Африн е претежно арапска област и дека Турција е решена да им ја врати на вистинските сопственици.

Родовото прашање е клучен двигател за резултатите на здравството.

повеќе

Постојат повеќе административни и технички решенија против плагијаризам што се применуваат од издавачите и универзитетските менаџменти, а понекогаш и државните власти, како што е случајот во Македонија. 

повеќе

И не само тоа, туку квалитет на слободата. „Слободата нема никаква вредност ако во себе не ја вклучува слободата на грешките" - Махатма Ганди.

повеќе