Први снимки од турските воени дејства во Сирија: паѓаат бомби, луѓето бегаат (ФОТО+ВИДЕО)

Светските и локалните медиуми забрзано ги пренесуваат снимките и фотографиите од воените дејства на турските сили на северот на Турција.

Турската војска ја почна операцијата „Извор на мирот“ со цел, како што тврдат, „да ја уништат терористичката закана и да воспостават безбедносна слободна зона во тој регион“.

Турски Си-ен-ен на Твитер ги објави првите фотографии од погодените цели.

Истовремено, Јуроњуз објави снимка од турски авиони што од базите во таа земја полетуваат кон турско-сириската граница.

На сликите се гледаат и колони курдски бегалци што забрзано ја напуштаат зоната на напади на турските сили.

ЕУ треба принципиелно да реагира на отворениот национал-шовинизам на бугарскиот парламент, се вели во отвореното писмо на македонски академици и професори до европретставниците во Македонија.

повеќе

Нашиот процес на преговори многу веројатно ќе биде предмет на уште построги критериуми и мониторинг имајќи ги предвид искуствата на земјите кои во моментот преговараат. 

повеќе

На Македонија и Бугарија им треба дебата која ќе го унапреди историското разбирање без робување на идеологии, митологии и политики.

повеќе