Во очекување на турската офанзива

Први снимки од напуштена американска воена база во Сирија (ВИДЕО)

Американска воена база во северна Сирија, неколку километри од турската граница, е целосно напуштена, се гледа на снимките од руската агенција Рипли.

Курдските борци, кои останаа сами, го надгледуваат празниот објект и ја чекаат офанзивата на Турција.

Снимката прикажува и што останало од американската база во Тел Аргам, а РТ вели дека таа сега изгледа како „град на духови“.

Сите американски војници ги напуштија досегашните жаришта на судири, а Курдите сега се препуштени самите на себе.

Белата куќа во неделата неочекувано објави дека ги повлекува американските сили од Сирија, додека Турција трупа војска по должината на границата.

САД ги поддржуваа Курдите, кои ги сметаа за свои сојузници во борбата против т.н. Исламска држава, додека официјална Анкара ги обвинува курдските сили за поврзаност со групи во Турција што таа ги смета за терористички.

Излегува дека само Македонците на овој свет се должни пред сè да се грижат за правата на сите други луѓе и на крајот да размислуваат (но само да размислуваат) за себе.

повеќе

Интернационалистички, универзалистички и солидарен пристап е единствениот начин да се надмине еколошката и климатска криза, во регионот и пошироко.

повеќе

Мора да се пристапи кон воведување нови мерки за поголема контрола на лицата кои поседуваат нелегални пари.

повеќе