Први снимки од местото на убиството на Сулејмани (ВИДЕО)

На иранските медиуми и на социјалните мрежи излегоа фотографии и видеа на кои е прикажана наводната локација на убиството на иранскиот генерал Касем Сулејмани во Ирак.

И иранската државна телевизија објави снимки од местото.

Според странските медиуми, две возила изгореле во нападот што се случил во близина на аеродромот во Багдад, а загинале вкупно 10 лица.

На фотографиите објавени од кабинетот на ирачкиот премиер се гледа како гори возило уништено од ракета.

На снимките се гледаат остатоци од автомобилот во кој се наоѓал Сулејмани заедно со соработниците, кои во конвој заминувале од аеродромот во Багдад.

Во нападот на аеродромот во Багдад, кој го наредил американскиот претседател Доналд Трамп, загина и командантот на ирачката милиција Абу Махди ел Мухандис, советник на Сулејмани.

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе

Турската влада има нови барања од социјалните медиуми и дигиталните платформи како што се Фејсбук (Facebook), Ватсап (Whatsapp), Инстаграм (Instagram) и Твитер (Twitter). 

повеќе

Баталете ги овие глупости со Бугарија, а Османи нека си фати патот до Брисел да земе обрасци за членство во ЕЕО и нека ги пополнат брзо.

повеќе