Први резултати од излезните анкети во Британија: конзервативците го имаат мнозинството

Според првите резултати од излезните анкети, Конзервативната партија го освои мнозинството пратеници во британскиот парламент.

Како што пренесува Би-би-си, партијата на Борис Џонсон би требало да има 368 мандати, додека Лабуристичката партија на Џереми Корбин би можела да освои 191 мандат.

Гласачките места беа затворени во 22 часот по локално време, а првичните официјални резултати се очекуваат во следните седум часа.

Освен конзервативците и лабуристите, во парламентот со 650 места ќе се најдат и Шкотската национална партија со 55 мандати и Либералните демократи со 13.

Со ваков резултат, Борис Џонсон ќе може сам да формира влада, што ќе му овозможи да го забрза брегзитот.

На последните пет национални избори, само една излезна анкета предвиде погрешен резултат – во 2015 година кога се чинеше дека Британија ќе добие „неизвесен парламент“, односно малцинска или коалициска влада, но всушност тогаш конзервативците го освоија мнозинството, добивајќи 14 пратеници повеќе отколку што покажаа предвидувањата.

Интернационалистички, универзалистички и солидарен пристап е единствениот начин да се надмине еколошката и климатска криза, во регионот и пошироко.

повеќе

Мора да се пристапи кон воведување нови мерки за поголема контрола на лицата кои поседуваат нелегални пари.

повеќе

Визија на развиениот свет е државните авторитети да го гледаат спортот како средство за подобар економски и социјален развој.

повеќе