Нарачани речиси шест милиони вакцини

Првата вакцина против коронавирусот во Хрватска ја прими 81-годишна жена во пензионерски дом (ВИДЕО)

Во Хрватска утринава почна вакцинирањето против коронавирусот, а првото лице што ја прими вакцината на Бајонтек/Фајзер е 81-годишна жена во дом за пензионери во Загреб.

EPA-EFE

„Пресреќни сме што е избран нашиот дом, што сум прва, сега навистина да тргнеме кон некој понормален живот, се надевам дека тоа ќе биде набрзо“, кажа Бранка Аничиќ, жителка на домот за пензионери на загрепска Трешњевица.

Лекарот Миро Ханжевачки, кој го изврши првото вакцинирање, кажа дека денес во тој дом ќе бидат вакцинирани 20 корисници, а во следните неколку дена вкупно 110.

„Горд сум што овозможивме оние на кои им е најпотребна да ја добијат вакцината во вистинскиот момент“, кажа лекарот.

На првото вакцинирање присуствуваше и хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, кој подоцна пред загрепската Клиника за инфективни болести, во која беше вакцинирана и првата лекарка, изрази уверување дека свеста за потребата од вакцинирање ќе расте.

„Повеќето луѓе се разумни и рационални. Да го почитуваме трудот на научниците и истражувачите“, истакна Пленковиќ.

Тој повтори дека во првиот круг се вакцинираат најзагрозените и најизложените – корисниците на домовите за постари, здравствените работници кои работат со болните од ковид-19 и оние од брзата медицинска служба.

Во Хрватска вчера стигнаа првите 9.750 дози од вакцината против ковид на Бајонтек/Фајзер.

Станува збор за првото симболично количество вакцини кое им е доставено на сите држави членки на ЕУ кои денес ги почнаа првите тридневни Европски денови на вакцинирањето.

Како што беше претходно најавено во Загреб, секоја недела се очекуваат нови дози од вакцината, следните уште утре. До крајот на март се очекуваат 270.000 дози вакцини, а вакцинирањето е бесплатно и доброволно.

Хрватска досега нарачала речиси шест милиони дози вакцини од различни произведувачи. Така по милион дози се нарачани од Бајонтек/Фајзер и Модерна, 2,7 милиони од Астра Зенека, 900.000 дози од Џонсон&Џонсон и 300.000 од Кјурвак.

Целта е да се вакцинираат најмалку 70 отсто од граѓаните, а владата почна кампања чија главна порака е „Мисли на другите: вакцинирај се“.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Опседнатоста со лесна и брза заработувачка, завидливоста и љубомората кон побогатите, невидената мрзливост комбинирана со желбата за убав и прилично ситуиран живот, од Македонците создаде зомбизирани суштества кои лутаат низ времето и просторот, без патоказ и без изграден вредносен ориентир по кој ќе се водат низ животот.

повеќе

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе