Првата претседателка на Република Грција положи заклетва

Првата претседателка на Република Грција во историјата, Екатарини Сакеларопулу денес официјално положи заклетва.

На свеченоста во грчкиот парламент, емитувана од државната телевизија, присуствувал симболичен број пратеници и други функционери, поради мерките за спречување на ширењето на новиот коронавирус.

Премиерот Киријакос Мицотакис ја номинираше Сакеларопулу (63), поранешна претседателка на највисокото судско тело на Грција - Државниот совет (Врховниот управен суд), како неспорно истакната, непартиска личност чија кандидатура ги надминува традиционалните партиски поделби.

Таа е избрана на петгодишен претседателски мандат со претежно репрезентативни должности и симболични овластувања, избрана во јануари со 261 глас за, меѓу вкупно 300 пратеници, со шест отсутни.

Доби значително повеќе од минималните 200 гласови што ги предвидува Уставот. За неа гласаа и пратениците на владејачката конзервативна Нова демократија на Мицотакис, како и опозициските пратеници: поранешната владејачка Сириза, левичарската партија на поранешниот премиер Алексис Ципрас и Движењето на левиот центар (Кинал).

Во Грција малку жени се на високи политички позиции, а Мицотакис е критикуван бидејќи формирал речиси целосно машки кабинет после победата на изборите во јули 2019 година, бидејќи во Владата има само една жена меѓу 18 министри и заменици.

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе