Првата хомосексуална парада во Сараево може да биде забранета

Првата хомосексуална Парада на гордоста во Сараева, најавена за почетокот на септември, би можела да биде забранета, најави министерството за внарешни работи на Сараево, каде власта е поделена околу овој собир.

Откако од политичката партија Народ и правда повикаа на откажување на хомосексуалната парада, министерот за внатрешни работи на кантонот Сараево Адмир Катица истакна дека собирот не добил одобрување за одржување.

„Не се вистинити информациите дека е издадена каква било дозвола, бидејќи дозвола не е предвидена според законот за јавно собирање“, кажа Катица. Објасни дека постои можност полициското тело врз основа на информациите со кои располага да донесе одлука за забрана на одржување на ваков собир.

„Таа одлука може да се донесе најдоцна 48 часа пред планираното одржување на јавниот собир. Законот предвидува дека организаторот на јавниот собир, доколку биде донесено решение за забрана има можност да се жали кај министерот за внатрешни работи како второстепено тело кое ја носи одлуката по тоа прашање“, кажа Катица за порталот Кликс.

Од партијата Народ и правда истакнаа дека „во зовриената политичка ситуација во БиХ каква било ескалација може да предизвика негативни ефекти“.

Истворемено, премиерот на Сараево Един Форто порача дека ќе направи сѐ за Парадата да се одржи.

„Како премиер на Сараево ќе направам сѐ за граѓаните и граѓанките на овој кантон да бидат рамноправно третирани, да имаат право на собирање и да ја имаат заштитата од полицијата“, наведе Форто.

Против одржувањето на Парадата на гордоста е и најголемата бошњачка партија, Партијата на демократска акција (СДА).

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе