Почина 61-годишен маж во Кина

Прва жртва на мистериозниот вирус

Маж (61) починал од пневмонија во кинескиот град Вухан по избувнувањето на неидентификуваниот вирус.

Седум лица се во критична состојба, соопштија болнички извори.

Кај вкупно 41 лице е дијагностициран вирусот, а првите лабораториски тестови укажуваат на нов вид корона вирус, се вели на веб-страницата на здравствената комисија.

За непознатиот вирус се вели дека е причина за пневмонија, пренесува Ројтерс.

Уште двајца пациенти се отпуштени од болницата, додека другите се во стабилна состојба.

Исто така, откриено е дека 739-те лица што биле во близок контакт со пациентите го немаат вирусот.

Мажот, првата жртва на вирусот, бил редовен купувач на рибниот пазар, а претходно му биле дијагностицирани абдоминални тумори и хронично заболување на црниот дроб.

Вирусите предизвикуваат загриженост во врска со неодамнешните патувања за време на новогодишните празници во Кина кон крајот на јануари, при што кинеските власти очекуваат 440 милиони да патуваат со железница, а уште 79 милиони со авион.

Вчера оправдано доминираше веста дека „Макрон ќе поддржи преговори за Македонија и Албанија ако ЕК препорача во март“.

повеќе

Албанија мора отворено да каже, дека обидите на Софија за асимилација на Македонците во Албанија како Бугари не се добрососедство, туку отворен напад.

повеќе

Перењето пари преку трансакции со недвижнини ги интегрира црните фондови во економијата, притоа обезбедувајќи сигурна инвестиција.

повеќе