Властите вчера објавија дека во претходните три дена инфекцијата е потврдена кај уште 26.560 лица, што е во просек 8.800 на ден, со што бројот на позитивните тестови се зголеми на 525.549.
Наглиот скок на бројот на новоинфицираните следуваше веднаш по почетокот на учебната година.
Повеќето новозаразени имаат нови симптоми, а болниците сè уште не се преоптоварени.
Досега 29.516 луѓе починаа како резултат на инфекцијата со коронавирус во Шпанија.
Многумина веруваат дека вистинскиот број на смртните случаи е значително поголем, поради недоволното тестирање во март и април.
Шпанија е на 9-то место во светот според бројот на потврдените случаи на зараза.
На прво место се САД со околу 6,5 милиони позитивни тестови, Индија и Бразил имаат повеќе од четири милиони, а Русија повеќе од еден милион.