Почина кинеска туристка во Франција

Прва смрт од коронавирусот во Европа

Франција соопшти дека починала кинеска туристка, што е првиот потврден смртен случај од коронавирусот во Европа и прв надвор од Азија.

Жртвата е 80-годишна жена од кинеската провинција Хубеи, соопшти денеска француската министерка за здравство Ањез Бузин.

Ова е првиот смртен случај од вирусот со официјално име Ковид-19 надвор од Азија.

Таа дошла во Франција на 16 јануари и била сместена во карантин во болница на 25 јануари, рече таа.

Само три смртни случаи претходно беа пријавени надвор од континентална Кина - во Хонг Конг, Филипини и Јапонија.

Оваа парафраза на големиот Иво Андриќ, нобеловец и водечко книжевно име на Балканот, за малку ќе го погодеше лично него.

повеќе

Десензитивизацијата на Американците кон вртоглаво зголемениот број на жртви во пандемијата ја оправдува познатата опсервација на Јосеф Сталин: „Една смрт е трагедија; еден милион е статистика “. 

повеќе

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе