Прва фотографија на терористот од Виена, убиецот го пријавила мајка му (ФОТО)

20-годишниот терорист Фејзулаи Кујтим кој синоќа го изврши нападот во Виена, од претходно ѝ бил познат на австриската Сојузна служба за борба против тероризмот (БВТ). Во април 2019 бил осуден на 22 месеци затвор поради терористичко здружување, но како малолетен бил пуштен порано на слобода, во декември 2019. Албанските медиуми ја објавија неговата фотографија.

Screenshot: gazetadita.al

Како што откри австрискиот министер за внатрешни работи Карл Нехамер, Кујтим на 25 април минатата година бил осуден на 22 месеци затвор поради обид за патување во Сирија каде што планирал да се приклучи на Исламска држава.

Кујтим, инаку Албанец чии родители се од Македонија, бил уапсен откако неговото исчезнување го пријавила неговата мајка, за потоа да се утврди дека се обидел да отпатува на боиштето во Сирија. Бил уапсен обидувајќи се да ја помине турско-сириската граница по што бил депортиран во земјата на раѓање – Австрија.

По депортирањето бил осуден на 22 месеци затвор, но не одлежал ни половина од казната. Австрискиот весник Хојте наведува дека тој бил пуштен привремено од затвор на 5 декември минатата година, бидејќи врз основа на возраста бил процесиран по закон предвиден за помлади престапници, кој предвидува поблаги казни.

Тогаш австриските власти процениле дека не е способен да изврши напад и повеќе не го сметале за опасен. Оваа одлука била донесена откако Кујтим за време на престојот во затвор минал процес на дерадикализација за што било задолжено специјалното здружение Дерад.

Николас Рауст, адвокатот кој го бранел на судењето на кое бил осуден на 22 месеци затвор, вели дека Кујтим израснал во „сосема нормално семејство, но дека имал несреќа да се дружи со погрешни луѓе“.

„Да не одел во џамија, туку на бокс, ќе станел боксер“, кажа Раст и додаде дека не ни помислувал дека може да стане убиец.

Раст додаде дека Кујтим како тинејџер одел редовно во една џамија каде што се радикализирал. Како што кажа за агенцијата АПА, тој бил „момче без ориентација, кој го барал местото во животот“.

Хојте пишува дека тој кон средината на јули со еден познаник отпатувал во Словачка, за да купи муниција за својот „калашников“.

Автомобилот кој го користел ѝ припаѓал на мајката на еден од неговите контакти, инаку од Косово, со кој се познавале од радикалната исламистичка сцена. За време на терористичкиот напад во Виена тој го користел „калашниковот“, пиштол „црвена застава“ и мачета.

Легенда под Главна слика

Screenshot: gazetadita.al

Во моментов, мал број проекти или иницијативи во Македонија се фокусираат на тоа како универзитетите ги подготвуваат студентите за општествена одговорност и за граѓанскиот статус.

повеќе

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе