Прв телефонски разговор на Путин и Бајден

Рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Џо Бајден денеска го одржаа својот прв телефонски повик, разговарајќи за опциите за продолжување на новиот договор СТАРТ, соработката во борбата против ковид-19 и нормализацијата на билатералните односи.

Фото: ЕПА

Разговорот бил фокусиран на некои од кризните точки во руско-американските односи, вклучувајќи го и обновувањето на дијалогот за неширење на нуклеарното оружје. Москва и Вашингтон претходно разменија дипломатски белешки за продолжување на Договорот за намалување на новите стратешки оружја (познат како Нов СТАРТ), откриваат резимеата на повикот објавени на веб-страниците на Белата куќа и на Кремљ. Претседателите го изразиле своето задоволство од постигнатиот напредок.

Новиот СТАРТ, кој ги обврзува Русија и САД да го намалат бројот на стратешките нуклеарни ракетни лансери за половина, истекува во февруари. Администрацијата на Трамп не беше спремна да го пролонгира договорот без никакви предуслови - став што се чини дека е сменет во времето на Бајден.

Во следните денови, Русија и САД се очекува да ги завршат сите процедури потребни за да се осигури дека договорот ќе остане во сила.

Путин му порачал на Бајден дека нормализацијата на врските меѓу Москва и Вашингтон ќе биде од корист не само на двете нации, туку и на целата меѓународна заедница, имајќи ја предвид улогата на Русија и САД во одржувањето на стабилноста и безбедноста низ целиот свет.

Путин му честитал на Бајден за преземањето на новата улога во Белата куќа.

Другите билатерални прашања за кои дискутирале Путин и Бајден се можноста за заеднички напори за борба против пандемијата на коронавирусот, како и трговско-економската соработка.

Претседателите, исто така, се осврнале на можноста за одржување на иранскиот нуклеарен договор, за решавање на конфликтот во источна Украина и за иницијативата на Русија за организирање самит на постојаните членки на Советот за безбедност на ООН.

Путин и Бајден се согласиле да одржуваат комуникација.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе