Прв случај на коронавирусот во Африка, заразено е лице во Египет

Египетското министерство за здравство објави денес дека го забележало првиот случај на зараза со коронавирусот на африканскиот континент.

Заразеното лице не е Египќанец, наведе во соопштението портпаролот на министерството Калеф Мегахед, кој не го прецизираше ни државјанството ни полот на заболеното лице.

Светската здравствена организација (СЗО) е информаирана, а пациентот, кој нема никакви симптоми, е префрлен во болница во карантин, наведе министерството.

„Министерството презема превентивни мерки и го надзира развојот на случајот“, наведе Мегахед.

Тоа е првиот случај забележан во некоја земја на африканскиот континент, кој има цврсти трговски врски со Кина.

Египет на почетокот на февруари до крајот на месецот ги прекина летовите на националната воздухопловна комапнија кон Кина.

Околу 3.000 Египќани во февруари беа евакуирани од Вухан, жариштето на епидемијата, и сместени во 14-дневен карантин.

Бројот на умрените од коронавирусот денес се приближи до 1.400. Досега само Јапонија и Филипини имаа по еден смртен случај на својата територија покрај Кина.

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе