Пензионираниот генерал Лојд Остин

Прв црнец на чело на Пентагон

Вчера американскиот Сенат прифати дека кандидатот на претседателот Џо Бајден, пензионираниот генерал Лојд Остин, ќе биде министер за одбрана. Тој е првиот Афроамериканец на таа позиција.

Фото: ЕПА

Лојд беше изгласан со 93:2 во сточлениот Сенат, што е многу повеќе од потребното просто мнозинство.

Пратеници од обете партии рекоа дека им е драго што Остин ќе биде назначен за шеф на Пентагон, само два дена по заклетвата на Бајден.

Сенаторот Џек Рид, иден демократски претседател на сенатскиот Комитет за оружени служби, оцени дека земјата се соочува со широк спектар предизвици - вклучително и пандемијата на коронавирусот и ривалството со Кина и Русија.

„Генералот Остин е исклучително квалификуван лидер со долга и истакната кариера во американската војска“, рече Рид пред гласањето.

„Ова е време кога не можеме да бидеме поранливи“, рече републиканскиот сенатор Џејмс Инхоф, шеф во заминување на Комитетот за оружени служби, кој исто така го поддржа Остин.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Можеби ни треба регистар на погрешни перцепции на граѓаните за криминалот и корупцијата во државата.

повеќе

Младите бараат подобар живот надвор од државата, бидејќи доаѓаат до заклучок дека приватните компании и странските организации им пружаат поголема поддршка и повеќе ги вреднуваат отколку сопствената држава.

повеќе

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе